Нашето секојдневно однесување има последици кои влијаат врз планетата Земја. Многу од работите кои свесно или несвесно ги правиме ослободуваат штетни гасови во атмосферата кои ја затоплуваат земјината температура, и придонесуваат за климатските промени кои влијаат врз времето, вегетацијата и човековото здравје. Јаглеродниот отпечаток (Carbon Footprint) ти дава претстава каде се наоѓаш ти на скалата на загадувачи.